Политика
Пешевска: Унијата на жени останува посветена на семејните и традиционалните вредности – стабилно семејство значи стабилна држава
Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на семејството, 15-ти мај, со голема забава, со многу детски работилници, занимливости, не само за децата туку и за возрасните, бидејќи семејството е темел на секое општество и место каде што се создаваат сите врски, основни вредности и основното воспитување на секој еден човек. Сите тие врски всушност потоа продолжуваат да не следат во животот и затоа мислам дека треба да имаме поголем фокус на семејството во општеството, бидејќи водиме сите прединамичен живот со многу обврски и најчесто жртва за отсуство ни е токму семејството, изјави денеска Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ што МИА ја пренесува интегрално.
ВМРО-ДПМНЕ како партија и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на семејните вредности, на традиционалните вредности и нека ни се множат повеќе вакви настани. Нека биде убав денот, исполнет со многу забава и можам слободно да кажам дека и да изразам едно огромно задоволство, бидејќи како Унија на жени учествувавме и во изборната програма на претходните избори.
А покрај мерките што ги презема Владата во однос на исплата на сите додатоци и олеснувања кон семејствата, вклучително и зголемувањето на пензиите, буквално даде огромна поддршка и фокус на семејствата со тоа што се зголемија обидите за ин витро бесплатни оплодувања од три на шест. Така да продолжуваме во таа насока да ги бодриме, градиме и да ги правиме стабилни семејствата.
мај 18, 2026
