Connect with us

Регион

Верските лидери во Албанија: Семејството останува основна институција врз која се гради општеството

Меѓурелигискиот совет на Албанија  организираше симпозиум на тема „Заедно за семејството: Меѓурелигиски и институционален дијалог“,  на кој покрај лидерите на верските заедници во земјата, учествуваa и  претставници на институции, на младински и невладини организации.

– Во својот поздравен говор, претседателот на Муслиманската заедница на Албанија, Бујар Спахиу, пренесувајќи го заедничкиот став на верските лидери во земјата го нагласи значењето на семејството во зачувувањето на социјалниот мир, образованието и човечките и духовните вредности, објави Меѓурелигискиот совет.

Тој додаде дека семејството останува основна институција врз која се гради општеството и дека современите предизвици бараат заедничка институционална и морална посветеност на неговата заштита.

– Семејството е местото каде што човекот прво го учи значењето на љубовта, одговорноста, жртвата и почитта кон другите и Бога. Ниту едно општество не успеало да го изгради својот мир без мир во семејството, нагласи Спахиу.

Тој ја посочи и одговорноста што верските заедници ја имаат кон албанското општество и семејството.

– Ние, како верски заедници, имаме одговорност не само да зборуваме за семејството, туку да бидеме блиску до него, блиску до младите, родителите, постарите лица, блиску до оние кои се чувствуваат осамено, несигурно или изгубено во време кое брзо се менува, наведе Спахиу.

На средбата, организирана во рамки на активностите за Меѓународниот ден на семејството, 15 мај, се разговараше и за семејните вредности во верските традиции и улогата на верските заедници во поддршката на албанското семејство. Учесниците се осврнаа и на теми поврзани со имиграцијата и нејзиното влијание врз структурата на семејството, предизвиците на технологијата во семејните односи, образованието и улогата на родителството, како и потребата од зајакнување на улогата на жените во стабилноста на семејството.

 Албанскиот парламент во ноември мината година само со  гласовите  на мнозинството го усвои законот за родова еднаквост, против чие донесување беше Меѓурелигискиот совет. Против беше и опозицијата, а протести организираа граѓански здруженија, оценувајќи дека е „закана за албанското традиционално семејство“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1