Скопје
Ѓорче Петров домаќин на младинскиот шаховски фестивал „Квалитет 2026“
Општина Ѓорче Петров оваа година ќе биде домаќин на младинскиот шаховски фестивал „КВАЛИТЕТ 2026“, кој одбележува значаен јубилеј – 10 години успешно организирање на шаховски натпревари и промоција на младинскиот шах.
Фестивалот претставува еден од најзначајните младински шаховски настани во регионот и ќе собере повеќе од 200 млади шахисти од Македонија, Бугарија и Турција.
Во рамки на фестивалот ќе се организираат турнири за деца до 8 години, за деца до 10 години и Меѓународен OPEN турнир за млади шахисти до 20 години.
Настанот е во организација на ИМ Орце Данчевски и ШК „Гамбит“, на кои Општина Ѓорче Петров им упатува искрена благодарност за посветеноста, ентузијазмот и придонесот во развојот на шахот и младите таленти.
Преку вакви настани, Општина Ѓорче Петров продолжува активно да вложува во младите, спортот и интелектуалниот развој, создавајќи средина која ги поттикнува знаењето, натпреварувачкиот дух и спортските вредности.
– Општина Ѓорче Петров останува посветена на поддршка на иницијативи кои придонесуваат за афирмација на младите и промоција на општината како центар на спортот, талентот и успехот, се наведува во соопштението од Општината.
мај 17, 2026
