Connect with us

Култура

Меѓународниот фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло“ од 19 до 22 мај во Скопје

Под покровителство на Град Скопје од 19 до 22 мај ќе се одржи 17. меѓународен фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло 2026“.

Предвидени се две концертни вечери, на кои ќе настапат странски светски познати гитаристи. Првиот концерт ќе се одржи на 19 мај во Музејот на македонската борба од 18.30 часот, на кој ќе настапи Милош Вуковиќ од Србија, а како музички спектакл се најавува настапот на Националната филхармонија со „Аир фламенко“ со Хозе Луис Мартинез Морено од Шпанија на 20 мај од 18.30 часот.

Покрај двете концертни вечери, на 21 мај ќе се одржат натпревари, а фестивалот ќе заврши на 22 мај со мастер-часови и работилници од областа на класичната гитара.

– Изминатите години многу еминентни солисти и педагози, светски познати уметници од областа на класичната гитара, придонесоа овој фестивал да стане препознатлив со својата уникатност. „Тремоло“ е прв и единствен фестивал во нашата земја кој е посветен на уметноста на класичната гитара. Во текот на годините фестивалот прерасна во престижна културна манифестација, што ги обединува љубителите на класичната гитара и која од година на година е сè помасовна, со единствена цел преку концерти и натпревари да ги поттикнува младите гитаристи да продолжат понатаму и еден ден да блеснат на светската сцена – велат организаторите. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1