Скопје
Општина Кисела Вода организира бесплатна проекција на „Викенд на мртовци“ во „Киноверзум“ во Драчево
Општина Кисела Вода, во соработка со Македонска Радио Телевизија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Викенд на мртовци“ во режија на Коле Ангеловски.
Проекцијата ќе се одржи утре во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19:00 часот.
Како што информираат од Општина Кисела Вода, влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети. Граѓаните можат да резервираат место на следните телефонски броеви: 075/380-928 (Даниела) и 071/804-474 (Верица).
Овој настан е дел од иницијативата на Општина Кисела Вода за зајакнување на културната понуда во овој дел од градот, со фокус на презентација на значајни остварувања од домашната кинематографија.
Преку прикажување на етаблирани македонски филмови, Општина Кисела Вода овозможува поголема достапност на националното филмско наследство за сите граѓани.
мај 16, 2026
