Connect with us

Сервисни информации

Делови од Куманово утре и задутре без струја

Повеќе улици и населби во Куманово во текот на следните два дена ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа, соопштија од Електродистрибуција.

Утре, во периодот од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Боро Прцан“, „Сава Ковачевиќ“, „Србо Томовиќ“, „Милан Лисица“, „Осогово“, „Осоговска“, како и дел од улицата „11 Ноември“.

Прекини се најавени и задутре. Во периодот од 06:00 до 06:30 часот без електрична енергија ќе бидат населбите Перо Чичо, Карпош и индустриската зона во населбата, дел од улицата „Моша Пијаде“, како и дел од булеварот „Октомвриска револуција“ кај Браво кеј.

Истовремено, од 08:30 до 14:30 часот задутре без напојување ќе бидат ООУ „Христијан Карпош“ и корисниците од улиците „Милентие Поповиќ“, „Ратко Митровиќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Бранко Радичевиќ“, „30-ти Јули“, „Иво Андриќ“, „Стево Филиповиќ“, „Михајло Пупин“, „Будимир Димковски“, „Руѓер Бошковиќ“ и „Благој Пецкалија“.

Без струја денеска, во периодот од 08:00 до 14:00 часот, ќе бидат и корисниците од липковското село Отља.

Од Електродистрибуција информираат дека поради дефект во среднонапонската дистрибутивна мрежа, во текот на вчерашната вечер дошло до прекин во снабдувањето со електрична енергија кај дел од корисниците во централното градско подрачје на Куманово и на булеварот „Октомвриска револуција“.

– Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и работеа без прекин сè до санација на дефектот. Снабдувањето со електрична енергија е сигурно и стабилно, а во овој дел од мрежата досега не се евидентирани почести прекини – соопштија од компанијата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1