Connect with us

Култура

Фестивал на староградски песни и серенади „Под кулите во Струмица“

Во Центарот за култура „Антон Панов“ вечер ќе се одржи 16. Фестивал на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“, информираа од оваа институција.

Како што се наведува во информацијата, Фестивалот ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура, а гледачите ќе имаат можност да ги проследат настапите на „Распеани струмичани“, „Распеани гевгеличани“, „Распеани валандовчани“, „Распеани радовишани“ и „Октет Струмица“.

Гостин на фестивалот ќе биде младиот пејач Душко Никовски, а низ програмата публиката ќе ја води Марија Витанова.

Се додава дека Фестивалот и оваа година се очекува да понуди вечер исполнета со мелос во духот на македонската староградска песна.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4