Connect with us

Свет

Во Јапонија ќе пристигне првиот танкер со нафта од Азербејџан

Јапонија, од почетокот на војната во Иран, утре ќе ја добие првата пратка нафта од Централна Азија.

Јапонското Министерство за индустрија соопшти дека се очекува утре да пристигне танкер сурова нафта од Азербејџан.

Јапонија, пред војната во Иран, 95 проценти од потребите за нафта ги покриваше со увоз од Блиски Исток, но, поради блокадата на Ормуска Теснина, Токио побара алтернативни извори.

Според официјални податоци, Јапонија на 8 мај во стратешките резерви имаше нафта за околу 205 денови.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1