Connect with us

Свет

Во Белгија повторно национален штрајк

Во Белгија утре ќе се одржи национален штрајк против владините мерки за ограничување на буџетските расходи.

Се очекува штрајкот да влијае врз градскиот превоз и аеродромите.

На бриселскиот аеродром Завентем ќе бидат суспендирани речиси половина летови, додека аеродромот Шарлроа ќе биде целосно затворен.

Штрајкот ќе го отежне и движењето на автобусите, метрото и трамваите во Брисел.

Утрешниот штрајк е деветти во изминатата 1,5 година. Во штрајкот одржан на 12 март учествуваа од 80.000 до 100.000 работници.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4