Connect with us

Свет

Калас против предлогот на рускиот претседател Шредер да учествува во евентуалните преговори помеѓу ЕУ и Русија

Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска го одби предлогот на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да ја претставува Европа во идните преговори со Москва за безбедносните ангажмани.

-Ако ѝ дадеме право на Русија да именува преговарач во наше име, знаете, тоа не би било многу мудро, изјави Калас.

Таа додаде дека со оглед на тоа што Шредер лобираше за руските државни компании, тој ќе „седне од двете страни на масата“.

Претходно, Путин изјави дека доколку има преговори меѓу ЕУ и Русија, Шредер би бил негов претпочитан посредник.

Шредер понудата ја оцени како неверодостојна бидејќи Русија не променила ниту еден од своите услови, додавајќи дека првиот тест би бил дали Москва е подготвена да го продолжи тридневниот прекин на огнот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2