Connect with us

Свет

Поранешниот градоначалникт на Истанбул Екрем Имамоглу повторно пред суд

Во Истанбул денеска започнува ново судење против поранешниот градоначалник Екрем Имамоглу, кој се смета за можен противкандидат на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.

Имамоглу заедно со уште три лица се товарат дека се извршители на кривично дело „политичка шпионажа“.

Според обвинението, Имамоглу, неговиот советник за кампањи Неџати Озкан, бизнисменот Хусеин Гун и новинарот Мердан Јанардаг наводно управувале со криминална мрежа и пренесувале податоци за турски граѓани на странски разузнавачки служби.

Обвинителството тврди дека целта била влијание врз изборната кампања во 2019 година, кога политичарот од опозициската Републиканска народна партија првпат беше избран за градоначалник на Истанбул. Пред тоа, градот со години беше под власт на партијата Партија на правдата и развојот на Ердоган.

Ставот на Републиканската народна партија е дека се работи за политички мотивиран процес.

Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите се соочуваат со казни затвор од 15 до 20 години.

Сите четворица во моментов се наоѓаат во притвор.

Имамоглу беше сменет од функцијата градоначалник на Истанбул и уапсен во март 2025 година во посебен случај поврзан со обвинувања за корупција.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3