Connect with us

Свет

Португалија со план за преполовување на зависноста од фосилни горива

Португалската влада наскоро ќе објави мерки за преполовување на зависноста на земјата од фосилни горива во текот на следната деценија, изјави португалската министерка за животна средина и енергија, Марија да Граса Карваљо, објави денеска Политико.

Португалија е веќе меѓу европските лидери во зелената енергија, генерирајќи 80 проценти од својата енергија од обновливи извори.

Сепак, нафтата и гасот се уште сочинуваат повеќе од 60 проценти од вкупната потрошувачка на енергија, вклучувајќи ги горивата што се користат во транспортот, индустријата и греењето, како и електричната енергија.
„Имаме цел да ја намалиме нашата зависност од фосилни горива на половина од она што го имаме сега во следните осум до десет години“, изјави таа за Политико.

Централно-десничарската влада го забрза своето планирање поради војната во Иран, која ги загрози глобалните залихи на фосилни горива и предизвика зголемување на цените.

„Го планиравме тоа, но Иран направи тоа да стане итно“.

Лисабонскиот предлог ќе биде презентиран во наредните недели, а во меѓувреме, Европската комисија има намера да открие цели на ниво на ЕУ во јуни, исто така дизајнирани да се намали зависноста од фосилни горива.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1