Connect with us

Политика

Претседателот на СДСМ Филипче му честиташе на Маѓар за премиерската функција

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска му честита на Петер Маѓар, кој положи заклетва и стана нов премиер на Унгарија, соопштија од СДСМ. МИА интегрално ја пренесува пораката на Филипче објавена на социјалната мрежа Икс (X).  

„Честитки до новиот премиер Петер Маѓар и до целиот унгарски народ!

На Денот на Европа, Унгарија доби демократска влада.

По 16 години криминал, корупција, автократска власт и гушење на слободата под режимот на Виктор Орбан, Унгарија конечно доби шанса за нов почеток и слобода.

Иако нашите партии не се од иста идеологија, нè спојува демократијата и заедничката борба против автократските режими.

Вие и вашата партија Тиса ја ослободивте Унгарија од авторитарниот и корумпиран режим, ѝ го вративте достоинството, го отворивте патот кон вистинска демократија и ја вративте надежта на своите граѓани.

Ние во Македонија водиме иста борба. Како и вие, се спротивставуваме на истиот тип на корумпиран, авторитарен и антиевропски модел на власт.

Како и вие, веруваме дека промената е возможна и дека никој не смее да биде над законот.

Се надеваме дека овој ден на радост и промена наскоро ќе дојде и во Северна Македонија – денот кога сите оние кои ја злоупотребуваа власта, ја крадеа државата и ја туркаа Македонија во изолација, ќе одговараат пред лицето на правдата.

Ние веруваме во демократија во која институциите работат за граѓаните, а не за една партија.

Веруваме во Европа како заедница на вредности, а не како закана.

Веруваме во вистинските вредности – слобода, правда и почит кон човековите права.

Веруваме дека вистината мора да победи над лагите и пропагандата.

Веруваме во слободни медиуми кои информираат, а не кои служат на власта.

И веруваме во слободен говор без страв од репресија“.

Нека вашата победа биде инспирација за сите нас кои се бориме за слободна, демократска и европска иднина.

Нека нашите земји во блиска иднина ги поврзува пријателството и соработката, а не корупцијата и медиуми за ширење пропаганда во служба на криминални групи.

Слободна Унгарија – слободна Македонија!

Во свое име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ви посакувам успех во работата како премиер.

Да живее Европа!

#ДенНаЕвропа #СлободнаМакедонија“

Маркетинг
Ad 1
Ad 2