Connect with us

Свет

Петер Маѓар положи заклетва како нов премиер на Унгарија

Петер Маѓар денеска положи заклетва како нов премиер на Унгарија, со што се означи крајот на 16-годишното владеење на Виктор Орбан.

Маѓар положи заклетва во Парламентот откако неговата централно-десничарска партија Тиса избори убедлива победа на изборите минатиот месец, победувајќи го Фидес на Орбан.

Партијата Тиса освои двотретинско мнозинство во Парламентот со 199 места, што ѝ дава можност да ги смени клучните политики воведени за време на годините на власт на Орбан.

Маѓар влезе во зградата на Парламентот заедно со пратениците на неговата партија, кои сега контролираат 141 место. Алијансата Фидес-КДНП на Орбан доживеа нагло намалување на нејзината парламентарна застапеност на 52 места, додека крајно десничарското Движење „Нашата татковина“ има шест места.

Тој најави дека главните приоритети на новата влада ќе бидат борбата против корупцијата и враќање на средствата од ЕУ замрзнати поради загриженоста за владеење на правото и корупцијата.

  • Најважната задача ќе биде запирање на корупцијата и враќање на средствата од ЕУ дома, рече тој пред да положи заклетва како нов премиер.

Маѓар пред пратениците кажа дека гласачите ѝ дале на неговата партија Тиса мандат да „отвори ново поглавје“ во историјата на Унгарија.

  • Сепак, мора да разбереме дека не може да има нов почеток без помирување. Не може да има помирување без правда. И не може да има правда без соочување со минатото, рече Маѓар.

Во говорот пред парламентот, тој ги повика високиte функционери во институциите назначени од Фидес да поднесат оставка најдоцна до 31 мај. Маѓар, исто така, побара оставка и од претседателот Тамаш Шуљок.

Откако ја положи заклетвата, тој им се обрати на неколкуте илјади собрани на плоштадот Кошут, пред зградата на унгарскиот Парламент. Упати порака за единство и вети дека ќе помогне во заздравувањето на длабоките социјални поделби за кои рече дека ги посеала владата на Орбан.

Пратениците, денеска ја избраа Агнес Форстхофер од Тиса, за нов претседател на Парламентот.

Попладнево, знамето на ЕУ беше повторно кренато на зградата на Парламентот во Будимпешта, за прв пат откако владата на Орбан го отстрани во 2014 година.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3