Connect with us

Сервисни информации

Најмногу дожд во Претор

Најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утрово, наврна во Претор, 33 литри на метар квадратен. Следуваат Битола со 23, Охрид, 19, Струмица, 12,  Гевгелија, 11, Тополчани, 10, Прилеп, Kрушево и Демир Капија, 8, Кавадарци, 7, Берово, 6,  Велес, 5,  Скопје-Зајчев Рид, 4, Тетово, Mаврови Анови и Попова Шапка, 3, Крива Паланка и Пожаране, 2 и 1 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, информира Управата за хидрометеоролошки работи. 

Минималната температура изутрина на Попова Шапка изнесува 5 степени, 7 во Kрушево и Лазарополе, 8 Претор и Mаврови Анови, 9 Охрид и Битола, 10 Крива Паланка, Прилеп и Берово, 11 Тетово и Виница, 12 Скопје-Петровец, Штип, Кавадарци и Демир Капија, 13 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Куманово, Струмица и Гевгелија.

Како што најави УХМР; времето претладне ќе биде со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен

Маркетинг
Ad 2
Ad 3