Свет
Најмалку десетмина загинати при уривање на рудник за злато во Кенија
Најмалку десет луѓе загинаа откако се урна рудник за злато во Румос Хилс, северозападна Кенија.
Несреќата се случи синоќа, а ситуацијата на терен е понатаму е драматична, бидејќи од под урнатините повремено се слушаат гласови и лелеци.
Досега од рудникот се извлечени најмалку десет безживотни тела.
Спасувачката мисија е во тек и се верува дека во урнатиот рудник има повеќе луѓе заробени, изјави комесарот на округот Вест Покот, Давид Саруни.
мај 8, 2026

