Connect with us

Регион

Грција ја разгледува можноста за набавка на транспортни авиони Ц-390 од Португалија

Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас ја остави отворена можноста земјата да набави транспортни авиони Ц-390 од Португалија за што разговарал на средбата со неговиот португалски колега Нуно Мело за време на посетата на Лисабон, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас по средбата се осврна на билатералните односи меѓу двете земји кои ги карактеризираше како извонредни.

– За време на нашите разговори уште еднаш ги потврдивме овие многу силни односи и секако, имавме можност да разговараме за уште една евентуална поблиска соработка во многу области. Производството во Португалија и набавка од Грција на транспортните авиони Embraer Ц-390 е една од нив, рече Дендиас. И ви благодариме што толку позитивно ја гледате покриеноста на потребите на грчкото воено воздухопловство – рече Дендиас. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1