Connect with us

Свет

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека три разурнувачи на американската морнарица биле под оган додека минувале низ Ормуската Теснина.

Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) наведе дека разурнувачите не претрпеле штета, но дека им биле нанесени „сериозни загуби на иранските напаѓачи“.

„Три американски разорувачи од светска класа штотуку транзитираа, многу успешно, од Ормуската Теснина, под оган. Немаше штета на трите разорувачи, но голема штета беше нанесена на иранските напаѓачи. Тие се целосно уништени заедно со бројни мали бродови, кои се користат за да ја заменат нивната целосно обезглавена морнарица. Овие бродови отидоа на дното на морето, брзо и ефикасно. Ракетите беа испукани кон нашите разорувачи и лесно беа соборени. Слично на тоа, дојдоа и беспилотни летала и беа согорени додека беа во воздух. Тие паднаа толку убаво во Океанот, многу слично како пеперутка што паѓа во својот гроб! Нормална земја би им дозволила на овие разорувачи да поминат, но Иран не е нормална земја. Тие се предводени од ЛУДАЦИ, и ако имаа можност да користат нуклеарно оружје, ќе го стореа тоа, без прашање – Но, тие никогаш нема да имаат таква можност и, исто како што ги нокаутиравме повторно денес, ќе ги нокаутираме многу посилно и многу понасилно, во иднина, ако не го потпишат својот договор, БРЗО! Нашите три разорувачи, со нивните прекрасни екипажи, сега повторно ќе се приклучат на нашата поморска блокада, која е навистина „челичен ѕид“ – напиша американскиот претседател на неговата социјална мрежа.

Претходно, американската војска соопшти дека нападнала „ирански воени цели“ откако три нејзини пловни објекти биле нападнати додека минувале низ Ормуската Теснина кон Заливот.

„Американските сили ги одвратија неиспровоцираните ирански напади и одговорија со одбранбени удари, додека ракетните разурнувачи на американската морнарица минуваа низ Ормуската Теснина кон Заливот на 7 мај“, објави Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа Икс.

Централната команда прецизира дека Иран во нападите користел ракети, дронови и мали пловни објекти. Американската војска „ги неутрализираше заканите и ги нападна иранските воени објекти одговорни за нападите врз американските сили, меѓу кои и локациите за лансирање ракети и дронови, командни и контролни центри, како и базите за разузнавање и надзор“, се наведува во соопштението.

Главниот штаб на иранските вооружени сили, пак, соопшти дека САД го прекршиле примирјето со напад врз ирански нафтен танкер и уште еден брод што влегувал во Ормуската Теснина.

– Истовремено, со помош на некои земји од регионот, тие извршија воздушни напади врз цивилни области долж бреговите на Бандар Хамир, Сирик и островот Кешм – додаде иранскиот воен штаб.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1