Connect with us

Свет

Собјанин: Уништени 20 дронови насочени кон Москва и покрај примирјето

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави денеска дека по полноќ по локално време, кога стапи во сила еднострано прогласеното примирје од страна на рускиот претседател Владимир Путин, биле уништени 20 дронови насочени кон руската престолнина.

Примирјето беше објавено по повод чествувањето на 9 мај – Денот на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

„Три дрона што се движеа кон Москва беа уништени од силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана“, напиша првично Собјанин на руската социјална мрежа „Макс“.

Градоначалникот подоцна ја ажурираше информацијата, прецизирајќи дека се уништени вкупно 20 беспилотни летала.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1