Регион
Затруени 56 студенти од Полициската академија во Тирана
Педесет и шест студенти од Полициската академија во Албанија синоќа побараа медицинска помош на Инфективната клинка во Тирана, со симптоми на труење, откако консумирале храна во просториите на Академијата.
Двајца од студентите се задржани на понатамошен третман.
Албанската Национална агенција за храна (АКУ) спроведе инспекции во Академијата и во просторијата каде што се подготвува храната.
Специјалистите за криминални истраги од полицискиот комесаријат бр. 1, по спроведените истражни дејствија под раководство на Обвинителството во Тирана, објави дека се уапсени две лица, а се трага по сопственичката на компанијата која ја снабдувала Академијата со храна.
Истата компанија ја снабдува со храна и инфективната клиника „Шефкет Ндроќи“.
мај 7, 2026

