Вести
Мицкоски најави продлабочување на соработката со Обединетите нации со фокус на одржлив развој и институционална поддршка
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со претставници на Обединетите нации, на која се разговараше за продлабочување на соработката и заеднички активности во области од заеднички интерес.
Во фокусот на разговорите биле одржливиот развој, институционалната соработка и поддршката на процесите што придонесуваат за подобра иднина за граѓаните.
„Ја потврдивме заедничката заложба за продолжување на партнерството и унапредување на меѓусебната соработка во периодот што следува“, објави Мицкоски.
мај 7, 2026

