Connect with us

Вести

Деребан: Довербата во правосудството се гради со системски решенија, не со декларации

Довербата во правосудството се гради со вистинска транспарентност, напиша на Фејсбук заменик министерот за правда, Ален Деребан.

На денешниот настан посветен на транспарентноста во работата на Советот на јавните обвинители, истакнав дека довербата во правосудството не се гради со декларации, туку со конкретни системски решенија.

Носењето на Законот за Советот на јавните обвинители претставува клучен чекор во реформите.

Овој закон носи суштински промени:

✔️јасни и транспарентни критериуми за избор;
✔️ зајакнат мерит-систем;
✔️ задолжително образложени одлуки;
✔️ отвореност кон јавноста.

Реформите не смеат да застанат. Граѓаните очекуваат резултати, а тие резултати мора да ги испорачаме!

Маркетинг
Ad 2
Ad 4