Свет
Почина основачот на Си-ен-ен, Тед Тарнер
Основачот на Си-ен-ен, Тед Тарнер денеска почина на 87-годишна возраст.
Тарнер беше пионер на кабелската телевизија и филантроп. Си-ен-ен е 24-часовна новинска мрежа што фундаментално ги промени телевизиските вести.
Тој изгради медиумска империја што вклучуваше првата кабелска суперстаница, популарни филмски и цртани канали и професионални спортски клубови како што се Атланта Брејвс.
Тарнер од 2018 година боледуваше од деменција. Тој има пет деца, 14 внуци и две правнуци.
мај 7, 2026

