Регион
СТА: Во вториот круг консултации се очекува кандидатура на Јанез Јанша за мандатар на словенечката Влада
Втората рунда разговори за идниот мандатар за состав на новата словенечка влада почна денеска , а во следните 14 дена покрај претседателката на земјата право да предлагаат мандатар имаат и пратениците.
Според СТА, во вториот круг се очекува кандидатурата на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) Јанез Јанша, кој вчера објави дека партиите од десниот центар и десничарската партија – СДС, тројката околу Нова Словенија и демократите Анжеј Логар се согласиле за почетните точки за коалициски договор.
Агенцијата потсетува дека словенечкиот Парламент вчера, на вонредна седница, се запознал со одлуката на претседателката на републиката, Наташа Пирц Мусар, дека нема да номинира кандидат за мандатар во првиот круг.
Како што објасни таа, по консултациите со парламентарните групи, утврдила дека никој нема мнозинска поддршка, а не сака да предложи кандидат кој ќе предводи малцинска влада таа не сакала да предложи.
Јанша смета дека конкретната содржина на договорот би можела да се усогласи во рок од една недела, по што ќе бидат распределени портфолијата.
Доколку во овој круг биде поднесен предлог за кандидат за мандатар, Народното собрание мора да спроведе гласање за него најрано 48 часа, а најдоцна седум дена по истекот на рокот за поднесување на кандидатурата. Затоа, гласањето би можело да се одржи најрано на 22 мај.
Доколку кандидатот за мандатот не биде избран во вториот круг, претседателот на Републиката го распушта Народното собрание и распишува нови избори, освен ако Народното собрание во рок од 48 часа со мнозинство гласови од присутните пратеници не одлучи да одржи ново гласање за премиер.
За избор на премиер е доволно мнозинство од гласовите на присутните пратеници.
Јанша веќе објави дека СДС во тој евентуален дополнителен круг нема да составува влада, наведе СТА.
мај 7, 2026

