Свет
ИРКГ: Безбедното минување низ Ормуз е можно доколку САД прекинат со заканите
Безбедното минување низ Ормуската Теснина ќе биде загарантирано доколку САД ги прекинат заканите и бидат воведени нови процедури – соопшти Морнарицата на Исламската револуционерна гарда, објавија иранските медиуми.
Медиумите во Иран забележуваат дека ова е првата реакција на Техеран на одлуката на САД привремено да ги прекине операциите за помош на блокираните бродови да минуваат низ овие води.
Корпусот не прецизира кои се новите процедури и им се заблагодари на сопствениците и капетаните на бродовите за почитувањето на иранските прописи при минување низ стратешката морска рута.
САД и Иран се блиску до договор за едностран меморандум за завршување на војната во Персискиот Залив, изјави функционер запознаен со преговорите од Пакистан, кој ја презеде улогата на медијатор. Тој го потврди како точен претходниот извештај на американски „Аксиос“, кој објави за подготвувањето меморандум повикувајќи се на свои извори.
„Се обидуваме да го направиме иранско-американското примирје да доведе до траен крај на војната“, рече шефот на пакистанската дипломатија, Ешак Дар.
мај 7, 2026

