Connect with us

Вести

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во официјална посета на земјата

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, од денеска до 8 мај ќе престојува во прва официјална посета на Република Северна Македонија.

Негов домаќин е министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, со кого ќе има тет-а-тет средба, а потоа и заедничка прес-конференција.

Во рамките на посетата предвидени се средби на Берсе со државниот врв, со ресорни министри, како и низа други активности поврзани со соработката со оваа значајна меѓународна организација, посветена на промоцијата на човековите права, владеењето на правото и демократските вредности, во која минатата година земјава одбележа 30 години членство – соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2