Connect with us

Свет

Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина, предупреди на провокации во Европа

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија е подготвена за „продуктивни преговори“ за Украина, но само доколку тие доведат до конкретни резултати.

Захарова за агенцијата РИА Новости изјави дека Москва и понатаму е отворена за преговарачкиот процес и контакти, но оти инсистира на „вистински резултати“. Таа додаде дека западните лидери, според руската оценка, се сè повеќе фокусирани на други глобални кризи, вклучувајќи ги и конфликтите на Блискиот Исток.

Захарова повтори дека Русија не се откажала од учество во разговорите за можниот мировен план предложен од САД, но дека и понатаму ја доведува во прашање подготвеноста на Украина за преговори. Како што наведе таа, Москва останува на ставот дека за долгорочно решение е потребно да се отстранат, како што тврди, „причините за конфликтот“, вклучувајќи ги безбедносните прашања и проширувањето на НАТО.

Захарова, исто така, предупреди и на можноста за „провокации“ против руските дипломатски претставништва во Европа околу 9 мај, наведувајќи дека руските служби се подготвени за такви сценарија и оти очекуваат одговорност од државите домаќини во обезбедувањето на сигурноста на дипломатите.

Секојдневно сме подготвени на провокации, бидејќи тие се случуваат практично секој ден, ваму и таму. Сите сме ги виделе и ментално сме подготвени на нив. Видовме до кој степен овие непријателски режими дегенерираа – рече таа.

Таа додаде дека во текот на претходните години биле забележани поединечни инциденти за време на одбележувањето на Денот на победата во странство, но без поголеми нарушувања.

Имаше, има и, за жал, ќе има провокации. Дали сме подготвени? Да, апсолутно – заклучи Захарова.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3