Connect with us

Свет

Рубио најави средба со папата Лав XIV, во фокус верската слобода

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека има „многу прашања за разговор“ со Ватикан, во пресрет на неговата утрешна аудиенција кај папата Лав Четиринаесетти.

Западни медиуми оценуваат дека ова е обид да се ублажи впечатокот за тензии меѓу Вашингтон и Светата столица поврзани со војната против Иран.

-Ова е посета што ја планиравме одамна. Како што гледате, настаните се развиваат – рече Рубио на брифинг во Белата куќа синоќа.

Тој нагласи дека постојат „многу теми за разговор“ со Ватикан, при што посебно ја издвои верската слобода.

Рубио, кој е католик, истакна дека папата Лав Четиринаесетти е првиот Американец кој станал поглавар на Римокатоличката црква.

Рубио задутре ќе престојува во италијанската престолнина Рим.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1