Connect with us

Свет

Иран воведува нов механизам за транзит низ Ормуска Теснина

Иран воведе нов механизам за управување со поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, јавија иранските медиуми.

За новиот механизам формирано е ново тело наречено Управа на Персиски Залив (Persian Gulf Strait Authority). Сите пловни објекти кои планираат да поминат низ Ормуска Теснина ќе добијат електронска порака од Управата на Персиски Залив, во која ќе бидат наведени новите правила и прописи.

Предвидено е бродовите пред влегување во Ормуз да добијат посебна дозвола за транзит.

Претходно, САД најавија операција „Проект слобода“, со цел да обезбедат сигурен премин на бродовите низ Ормускиот теснец. На тоа денеска реагираше морнарицата на Иранска револуционерна гарда, предупредувајќи ги бродовите да не отстапуваат од рутата одредена од Техеран, а во спротивно ќе се соочат со напади.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3