Свет
Русија бара дводневен прекин на огнот, а Украина предлага неограничено примирје
И покрај најавите за привремено или за трајно примирје продолжуваат меѓусебните напади помеѓу Русија и Украина.
Во денешните руски напади врз Украина вкупно загинаа 22 луѓе, што е еден од најсмртоносните денови оваа година. Додека во украинските напади врз Русија загинаа две лица.
Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера еднострано прогласи дводневно примирје на 8 и 9 мај, на деновите кога се одбележува победата на Советскиот сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Украина како одговор најави неограничено примирје што би почнало на полноќ.
– Русија не може да ги запре нападите на еден дена поради својата воена парада, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во рускиот напад врз градот Запорожје загинаа 12, а повредени се 16 луѓе, соопштија локалните власти.
Петмина загинаа, а исто толку се и повредени при рускиот воздушен напад врз градот Краматорск. Уште пет лица загинаа при рускиот воздушен напад врз постројката за производство на гас во Полтавскиот регион.
Додека во украинскиот напад со дронови во регионот Чувашија загинаа две лица.
мај 6, 2026

