Connect with us

Свет

Трамп: Иран нема никакви шанси

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека Иран нема и никогаш немал никакви шанси.

Тие го знаат тоа. Ми го кажуваат тоа кога разговарам со нив, а потоа излегуваат на телевизија и тврдат колку одлично им оди, наведе Трамп.

Тој повтори дека САД ги уништиле иранските воени капацитети, морнарицата, авијацијата и раководството.

Не можеме да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје … Тоа се болни луѓе и нема да дозволиме лудаци да имаат нуклеарно оружје, истакна Трамп.

Тој одговарајќи на новинарско прашање за иранската економија посочи дека се надева оти пропаѓа, а американските санкции ги оцени како огромни и одлични.

Трамп наведе дека е подготвен дополнително да ја дестабилизира иранската економија бидејќи сака да победи.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1