Connect with us

Хроника

Македонец уапсен во Србија: Ограбил четири џамии

Српската полиција го уапси во Нови Пазар, М.З.(66), државјанин на Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела тешка кражба.

Тој е осомничен дека од 29 април до 1 мај годинава крадел пари од четири џамии на територијата на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, соопшти Полициската управа во Нови Пазар.

Против него е поднесена прекршочна пријава согласно Законот за јавен ред и мир.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4