Connect with us

Свет

Најмалку 26 загинати по експлозијата во фабрика за огномет во Кина

Најмалку 26 лица загинаа, а 61 се повредени по експлозијата во фабрика за огномет во кинеската покраина Хунан, објавија светските агенции и локалните медиуми.

Кинескиот претседател Шји Џинпинг повика на темелна истрага за инцидентот.

Експлозијата се случи во градот Чангша околу 16:40 часот вчера, објавија кинеските државни медиуми.
Близу 500 спасувачи се распоредени на местото на настанот, а во опасната зона се во тек евакуации.

Два магацини за барут на територијата на фабриката сè уште претставуваат висок ризик.

Штабот на спасувачките служби одреди зона од еден километар за примарни операции и контролна зона од три километри.

20 станици за спасување се распоредени на местото на инцидентот. Спасувачите користат роботи и специјализирана опрема.

Сите повредени се однесени во болница.

Органите за јавна безбедност презедоа чекори за приведување на раководителите на компанијата што е сопственик на фабриката.

Шји, исто така, им нареди на властите да го зајакнат надзорот врз индустриските претпријатија, да го подобрат управувањето со јавната безбедност и да ја обезбедат безбедноста на животите и имотот на луѓето. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2