Connect with us

Сервисни информации

Во април расчистени 2.750 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје

Вкупно 2.750 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад биле отстранети од диви депонии на подрачјето на Скопје во текот на април, при што најголемо количество непрописно одложен отпад е расчистено во општината Карпош, соопшти ЈП Комунална хигиена – Скопје.

Во истиот период, од Комунална хигиена подигнале и транспортирале 14.915 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

Претпријатието континуирано ја одржува јавната хигиена на булеварите и улиците во надлежност на Градот Скопје преку секојдневно машинско и рачно метење и миење, како и на плоштадот и улицата „Македонија“, плоштадите „Филип Втори“, „Мајка Тереза“ и „Богородица“, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, како и во Старата скопска чаршија.

Во текот на април, ЈП Комунална хигиена – Скопје реализирало и едукативни предавања за примарна селекција и правилно постапување со отпадот за 208 ученици во скопските училишта. Дополнително, во градинката „Весели цветови“ – клон „Синоличка“ во општина Кисела Вода била организирана еко-манифестација по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4