Connect with us

Свет

За безбедноста на идниот унгарски премиер ќе биде задолжена специјализираната антитерористичка единица

Идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар изјави дека откако ќе стапи на должност на 9 мај за неговата безбедност ќе биде задолжена полициската единица за брза реакција.

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан го чуваше специјализираната антитерористичка единица (TEK).

Маѓар наведе дека веќе го информирал директорот на антитерористичката единица Јануш Хајду дека личното обезбедување на премиерот ќе го преземе полицискиот тим за брза реакција.

TEK е формирана во 2010 година за време на втората влада на Орбан. Хајду пред да биде директор на ТЕК раководеше со обезбедувањето на партијата Фидес.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3