Connect with us

Регион

Грчко МНР: На Крит безбедно пристигнаа 176 лица од глобалната флотила „Сумуд“

Под исклучително тешки услови, грчката држава одговорно ја презеде хуманитарната задача за прием на учесниците во „Global Sumud Flotilla“, со единствена грижа нивната безбедност и заштита, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, информирајќи дека утрово, на Крит пристигнале 176 лица – дел од глобалната флотила „Сумуд“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчкото МНР, станува збор за државјани на Европската Унија и на трети земји, утрово безббедно пристигнале на пристаниште во регионот Ласити на Крит, а 31 лице било пренесено во болница за укажување прва помош.

Останатите 145 лица, со одговорност на нивните конзуларни претставништва постепено заминуваат од Грција преку аеродромот во Ираклио на Крит.

Координацијата на операцијата ја водело Министерство за надворешни работи, во соработка со крајбрежната служба, ГШ на националната одбрана и Периферијата Крит, а паралелно, постоела континуирана комуникација со странски дипломатски претставништва во Грција и надлежните европски институции, а грчкиот министер за надворешни работи разговарал со своите колеги, кои ѝ се заблагодариле на Грција за преземањето на оваа иницијатива.

По израелската операција и пресретнувањето на бродовите од глобалната флотила „Сумуд“, Грција, како што синоќа информираа од грчкото МНР, ја презеде одговорноста да ги прими на своја територија членовите на флотилата и да се погрижи за безбедно да бидат вратени во нивните земји, а паралелно побара од Израел да ги повлече своите бродови од областа каде што беше „Сумуд“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2