Connect with us

Регион

Синдикатите во Србија бараат сигурна иднина и обединување со цел заедничка борба за работнички права

Во Белград денеска митинзи по повод Меѓународнеиот ден на трудот одржаа неколку синдикати.

Членовите на Асоцијацијата на слободни и независни синдикати се собраа во центарот на градот поставија штандови во центарот на градот и делеа првомајски проглас на синдикатот, пропаганден материјал и разговараа со граѓаните.

Претседателката на ЗССС, Ранка Савиќ, изјави дека оваа година има неспоредливо повеќе причини за протест отколку на изминатите празници на трудот, пред сè поради, како што наведе, неверојатниот проблем со влијанието на политиката во сферата на трудот.

Беше објавено дека се бара обединување на синдикатите со цел заедничка борба за работнички права.

„Се наоѓаме во ситуација каде што не можете да добиете работа ако не сте член на партија и ако не можете да се подобрите“, рече Ранка Савиќ.

Според неа, работната сила во Србија е немотивирана – нема продуктивност и ентузијазам, што директно влијае на економијата на земјата. Таа укажа и на неопходната промена на Законот за работни односи, кој не е променет од 2012 година.

Синдикатот побара итни структурни промени, поефикасна работа на институциите, независно судство, социјална правда и поголема безбедност за граѓаните и ја повика Владата на Србија да ги преиспита сегашните економски политики и да ги насочи кон модел на социјален пазар и порешителна борба против корупцијата. Покрај тоа, тие бараат и зголемување на заштитата на работниците, почитување на минималната плата, воведување неработен ден – недела, измени на законите за труд и штрајк, како и поголема улога на образованието во развојот на општеството.

Митинзи по повод Меѓународниот ден на трудот во Белград одржаа и Обединетите синдикати на Србија (УСС) „Слога“ и новоформираната Работничка партија, Сојузот на независни синдикати на Србија и обединети гранкови синдикати „Независност“.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2