Connect with us

Регион

Протест на албанските синдикати: Работа со достоинство, а не експлоатација

На Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, во Тирана се одржаа два одделни протести со барање за подобри услови за работа.

Сојузот на синдикати организираше протест пред Министерството за економија и иновации, додека паралелно се одржа уште еден протест пред владата на булеварот „Народни херои “ од страна на Конфедерацијата на синдикати на Албанија.

Држејќи транспаренти како „Животот на работникот не е деловен трошок“ и „Плата за живот, а не плата за преживување“, граѓаните го изразија своето незадоволство од моменталните услови за работа

Учесниците во протестот наведоа неколку клучни барања, вклучително и создавање посебно Министерство за труд. Според нив 1 мај треба да се гледа како на ден за протест, а не за празник. Изразија загриженост за зголемувањето на несреќите на работното место и недостатокот на контроли од страна на одговорните институции.

-Денеска бројот на смртни случаи на работното место е зголемен за 45 отсто во споредба со пред една година. Бројот на несреќи на работното место е двојно зголемен. Одговорните институции не вршат вистински проверки. Мора да постои Министерство за труд, особено за работниците. Сакаме безбедност, побара Конди Лија, претседател на Сојузот на синдикати на Албанија, објави АТА.

Синдикатите, исто така, побараа Парламентот што поскоро да одобри минимална плата за живот, нагласувајќи дека многу работници во земјата живеат во тешки економски услови.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2