Connect with us

Скопје

Џезот доби нова генерација слушатели во општина Кисела Вода

Со музика во живо и отворена интеракција меѓу професионалните музичари и децата, денес во паркот „Шопен“ официјално започна десеттиот јубилеен фестивал „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“. Националниот џез оркестар, во партнерство со Општина Кисела Вода, првиот фестивалски ден им го посвети на најмладите преку работилницата „JAZZ FOR KIDS“, соопштија од Општината.

-Учениците од основните училишта во Општина Кисела Вода, како и сите дечиња кои беа дел од оваа отворена музичка дружба, имаа можност директно да се запознаат со џез-културата. Откривајќи го овој музички правец кој УНЕСКО го препознава како универзален симбол на слободата, дијалогот и заедништвото, најмладите учеа низ слобода и креативност, се вели во соопштението.

На настанот присуствувала и градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, која се осврнала на важноста од децентрализацијата на културата и едукацијата на новите генерации.

– Вклучувањето на децата во вакви иницијативи е директна инвестиција во нивната културна наобразба. Џезот не е само музика, туку форма на изразување која поттикнува креативност и слободна мисла. Општина Кисела Вода останува силен партнер и поддржувач на квалитетни уметнички проекти кои ја едуцираат публиката и создаваат вистински културни вредности – изјавила градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

-И преку овогодинешното издание, Скопје потврдува дека останува значаен дел од глобалната мрежа од над 190 земји кои активно го слават џезот. Фестивалот продолжува, а целта да се едуцира нова генерација слушатели е веќе остварена, соопштуваат од Општината. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 1