Connect with us

Скопје

Стаменкоска-Трајкоска: Инициран вонреден инспекциски надзор, ако се утврдат пропусти ќе има одговорност

По трагичниот настан на територија на Општина Кисела Вода, во кој едно лице го загуби животот, а три лица се повредени, градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска изрази длабоко жалење и упати искрено сочувство до семејството на починатиот, и им посака побрзо закрепнување на повредените, информираат од Општината.

Таа потенцира дека дека Општината иницирала вонреден инспекциски надзор со вклучување на сите раководители од надлежните сектори.

-Надзорот ќе опфати сеопфатна контрола на безбедносните услови, вклучително и проверка на противпожарната опрема, и сите стандарди за користење на заштитна опрема. Општината целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно сите наоди и препораки. Доколку се утврдат неправилности или пропусти, ќе следува соодветна одговорност. Апелираме до јавноста и до сите општествени чинители на воздржаност и одговорност, како и да се избегне ширење на непроверени информации и политизација, додека институциите ја завршуваат својата работа, вели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Таа најавува дека Општина Кисела Вода ќе продолжи навремено и транспарентно да ја информира јавноста веднаш по добивање на официјално потврдени информации.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4