Connect with us

Регион

ММФ ја намалува прогнозата за економскиот раст во Албанија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за економскиот раст во Албанија, наведувајќи дека растот ќе биде 3,4 проценти до крајот на годинава, што е за 0,2 отсто пониска од претходната процена од октомври 2025 година.

– Надолната прогноза е во согласност со меѓународните случувања и неизвесностите што се зголемија како резултат на војната на Блискиот Исток, која ги погоди глобалните енергетски пазари. На овие нивоа, нашата земја се рангира по Косово во регионот, кое ќе има раст од 3,6 проценти, додека најголем пад на економските очекувања бележи Србија, со 2,8 отсто, објавија албанските медиуми.

Прогнозата на ММФ е во согласност со најновата процена направена од Светската банка, додека албанското министерство за финансии има повисоки очекувања, наведувајќи дека економијата ќе порасне за околу ќетири проценти.

Исто така, осврнувајќи се на пазарните цени, ММФ очекува инфлацијата во Албанија, да се зголеми на 3,7 проценти оваа година, од три отсто колку што беше програмирана пред шест месеци

На глобално ниво, ММФ вели дека се очекува најголемиот економски товар да падне врз земјите вклучени во конфликт и врз најкревките економии, особено земјите во развој, кои увезуваат енергетски суровини.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4