Connect with us

Регион

Косовскиот премиер го назначи Агрон Бајрами за нов главен преговарач со Белград

Косовскиот премиер, Албин Курти, го назначи амбасадорот на земјата во Белгија, Агрон Бајрами, за нов главен преговарач од косовска страна во рамките на техничкиот дијалог за нормализација на односите со Србија, јави Косовската радио-телевизија.

Бајрами ќе продолжи да ги извршува своите должности како амбасадор во Белгија, истовремено раководејќи го и дијалогот со Белград од косовска страна.

Досега функцијата главен преговарач ја извршуваше поранешниот вицепремиер Бесник Бислими.

Србија не ја признава независноста на Косово прогласена во 2008 година, а двете страни водат дијалог за нормализација на односите под покровителство на Европската унија и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина, Петер Соренсен.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3