Connect with us

Скопје

Потпишани првите решенија за исплата на паричен надомест за новороденче во општина Бутел

Денес градоначалникот Дарко Костовски ги потпиша првите решенија за исплата на надомест за новороденче, во износ од 5000 денари.

Финасиската поддршка е предвидена во програмата за социјална заштита за 2026 година и заложба на градоначалникот за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел.

Покрај тоа, локалната самоуправа вложува во инфраструктурни објекти за најмладите, кои ќе создадат услови за подобра иднина на секое дете. Во општина Бутел се градат две градинки, во Бутел 1 и Бутел 2, а во наредниот период ќе бидат изградени три нови градинки – во Радишани, Визбегово и Бутел 1. Локалната самоуправа гради иднина за секое семејство и за сите граѓани на општина Бутел.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2