Connect with us

Забава

Од обична ткаенина до симбол на детството: Како мечето стана омилена играчка за многу деца?

Тркалезна муцка, мал врв на носот, очи од копчиња и две тркалезни, меки уши го прават класичното мече една од најомилените играчки за многу деца. Оваа, вообичаена американска играчка, потекнува од 1902 година, кога Морис и Роуз Михтом, сопственици на слаткарница во Бруклин, започнале да изработуваат мечиња од парчиња ткаенина.

Според социологот и истражувач Мајкл Кимел, ништо не го отсликува детството подобро од Теди. Тоа е целосно родово неутрална играчка која ја прифаќаат и момчињата и девојчињата. Приказната за оваа играчка започнува истата година, кога претседателот Теодор Рузвелт одбил да застрела црна мечка за време на лов, по што карикатуристот Клифорд Беријман ја овековечил оваа негова постапка во политичка карикатура која го привлекла вниманието на брачниот пар Михтом. Инспирирани од неа, тие создале играчка која подоцна го добила името „мечето Теди.

Така започнала приказната за една од најпрепознатливите детски играчки. По првичната продажба од неколку примероци, побарувачката брзо пораснала, а на пазарот се појавиле и бројни копии. Мечето се смета за прва играчка која не била крпена кукла или порцеланска фигура, туку била достапна по цена, смирувачка и приспособлива на детските раце.

Во тоа време постоела загриженост дека плишените играчки би можеле да имаат негативно влијание врз младите девојки, односно да им ја намалат желбата еден ден да станат мајки. Но, со тек на времето, мечето Теди прерасна во културна икона. Оригиналниот примерок изработен од Михтомови, денес може да се види во Националниот музеј на американската историја при Смитсонијан. Изразот „мечето Теди“ со тек на времето станал синоним за личност која е блага, нежна и пријатна.

– Постојат луѓе кои, кога ќе се отселат од домот, ќе заминат на факултет или ќе стапат во брак, не можат да се разделат од своето мече, бидејќи тоа ги поврзува со нивното невино детство, изјави Кимел.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1