Connect with us

Регион

Илир Мета останува во затворски притвор, Уставниот суд го отфрли барањето за промена на мерката

Уставниот суд денеска го отфрли барањето за промена на безбедносната мерка „затворски притвор“ за поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета. 

Судот оценил дека мерката не е непропорционална и со мнозинство гласови одлучил да го отфрли барањето, што значи дека Мета останува во затворски притвор 

Во меѓувреме, Специјалниот суд против корупција и организиран криминал, го закажа за 27 април првото  рочиште за случајот на Мета и четворица други обвинети.

Илир Мета беше уапсен на 21 октомври 2024 година. Тој и неговата, сега, поранешна сопруга,   Моника Криемади,  се осомничени дека, во соработка со други државни функционери, ги злоупотребиле своите државни и политички позиции.

Според обвиненијата, тие се осомничени за фаворизирање на приватни компании и други активности со лобирање во САД и купување и продажба на станови во замена за добивање значителни суми пари, кои се обиделе да ги сокријат.

Специјалното обвинителство (СПАК) ја затвори истрагата на 28 јули и го испрати предметот на судење кон крајот на август.

Мета (57) шеф на албанската држава беше во периодот од 24 јули 2017 – 24 јули 2022 година.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2