Connect with us

Скопје

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува корисниците на јавниот превоз дека од 4 април (сабота) ќе почне примената на нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во главниот град. 

-Со измените се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз, соопшти претпријатието. 

Информации за изменетиот возен ред, вклучително и за статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, кој ќе се применува од задутре  ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на ЈСП „Скопје“: https://skopjebus.mk/mk 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2