Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на чело со Филипе е во изолација и без концепт, на „Бихаќска“ се нервозни и во политичка конфузија поради топење на рајтингот

СДС на чело со Филипе е во изолација и без концепт, на „Бихаќска“ се нервозни и во политичка конфузија поради топење на рајтингот, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформи и на економски раст, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата ма лидерот на СДСМ, Венко Филипче, што МИА ја објавува интегрално.  

Единствен кој е во изолација е СДС на чело со Венко Филипче, а под менторство на Заев.

СДС е тотално без концепт, а изјавите на Филипче се како теоретичар на заговори, СДС со небулозните прес-конферензии повеќе наликува на странска опозиција, еден ден се опозиција во Србија следниот Унгарија итн нервозни и во паника наместо да делуваат како сериозна и одговорна опозиција.

Филипче е синоним за криминалното владеење на Заев. Додека СДС беа на власт, 3 пати ја зголемуваа акцизата и сакаа да воведат и еколошка такса, со која дополнително ќе се зголемеа цените на горивата.

Сега цената на горивата во Македонија со интервенција на Владата и заложбите на претседателот Мицкоски се останати исти како и минатата недела, додека во сите држави во регионот и пошироко се зголемени неколкукратно.

СДС додека беа власт го зголемија ДДВ-то за голем број прехранбени производи со што ја откочија спиралата за зголемување на сите цени на производите. Инфлацијата во време на СДС и ДУИ беше двоцифрена.

СДС го колабираше енергетскиот сектор, граѓаните плаќаа енормно високи сметки за струја додека кланот Заеви и Филипче профитираа од нивните фамилијарни бизниси.

Заради погрешните економски политики кои ги спроведуваше власта на СДС и ДУИ и кои ги оставија граѓаните да живеат со 150 денари на ден а државната каса ја испразнија сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ враќа наталожени долгови во висина од 2,5 милијарди евра.

СДС е антидржавна партија, која го распродаде националниот идентитет.

Да го потсетиме Филипче и СДС дека СДС на чело со Заев се тие кои ветуваа сигурен влез во ЕУ додека ги распродаваа националните интереси и го променија името на државата.

СДС потпиша договор  за пријателство со Бугарија, а тие ни испорачаа блокада и француски предлог со нови барања. Македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван.

ВМРО- ДПМНЕ се залага да бидат гарантирани човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформи, економски раст и подобар живот за сите граѓани.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4