Connect with us

Фудбал

Пласманот на Босна и Херцеговина на СП 2026 се славеше и во Скопје

Бошњаците од Скопје и околните места се организираа во поголем број и во Стара чаршија во духот на заедништвото и спортот, заедно со сите останати граѓани, ги бодреа босанските репрезентативци, познати кај навивачите и како „Змејови“ во натпреварот против Италија, кој се одигра синоќа на стадионот во Зеница. 

Во регуларните 90 минути, резултатот беше нерешен (1:1), по што следуваа две продолженија по 15 минути, кои завршија без погодок, за на крај победникот да се решава на пенали. Во ударите од белата точка, босанските репрезентативци беа поуспешни, победувајќи 4:1, со што се пласираа на Светското првенство во фудбал во 2026 година кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико. 

„Честитки! Čestitke! Urime! Tebrikler!“, беа само некои од честитките на фановите на избраниците на Сергеј Барабез.

Организираното гледње на историскиот натпревар на „Змејовите“ беше приреден и во сите места ширум земјава, во кои живеат Бошњаците.

Фудбалската репрезентација на БиХ вторпат во својата историја се пласира на Светско првенство. Првпат играа на Мундијалот во Бразил во 2014 година, каде не се изборија за пласман во нокаут фазата. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 3