Фудбал
Гатузо: Тажни сме но тоа е фудбалот
Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското првенство во 2026 година.
– Италијанскиот тим не го заслужи ова. Покажавме страст, игравме со десет играчи од 40. минута… тажни сме, но тоа е фудбалот. Горд сум на мојот тим. Но, во моментов е болно, изјави Гатузо по мечот во Зеница.
Италијанскиот тим ќе го пропушти своето трето Светско првенство по ред.
„Азурите“ последен пат на еден фудбалски Мундијал играа во 2014 година.
април 1, 2026

