Connect with us

Скопје

Мухамед Муртези ќе биде носител на листа за советници за Чаир од ВРЕДИ

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го претстави името на носителот на листата за Општинскиот совет, д-р Мухамед Муртези, информира тимот на Изет Меџити во соопштение што МИА го објавува интегрално.

Во видео-обраќање на социјалните мрежи, Меџити напиша: „Денес сакам
да го претставам носителот на листата на советници на ВЛЕН за Општина
Чаир, докторот, интелектуалецот, активистот на граѓанското општество и
човек со високи вредности, Мухамед Муртези. Заедно кон големата победа.
Само за тебе Чаир“, напиша Меџити.

Кој е Мухамед Муртези?

Роден и израснат во Скопје. Студиите ги завршил на Медицинскиот факултет
при Универзитетот во Приштина, додека магистерските студии на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Филозофскиот факултет,
насока „Европски студии за интеграција“. Од 1991 година е активен дел од
граѓанското општество. Бил претседател на Сојузот на исламска младина,
Здружението на албански издавачи и Центарот за разбирање и
институционална соработка. Исто така, главен и одговорен уредник на
едукативно-културното списание ВЕПРА и главен уредник на меѓународното
научно списание CENTRUM. Коосновач и директор на Издавачката куќа
„Фуркан ИСМ“.

За локалните избори во октомври првпат се вклучува во партиско-политичка дејност.

Тој е носител на листата на советници на ВЛЕН за Општина Чаир и кандидат за претседател на Советот.

Целта на неговото политичко ангажирање е да даде позитивен придонес и да остави
добра трага и во оваа област.

Нашата визија, заедно со идниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, е
еден поубав, почист и побезбеден Чаир. Поквалитетно образование и наука,
поразвиена култура и спорт, подобар и подостоинствен живот. Затоа што
жителите на Чаир го заслужуваат тоа и јас верувам дека ова е остварливо
со добра волја, голема посветеност и чесна работа. Затоа ја бараме
вашата поддршка на 19 октомври. За нашиот Чаир,“ изјави Муртези.